Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Михаил Цветков денеска во Струмица ќе има средба со производителите, откупувачите и преработувачите на градинарски производи.
Тема на состанокот е договарање на новото градинарско производство, информира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.