Украинскиот премиер Микола Азаров ќе ја задржи функцијата, откако претседателот на Украина Виктор Јанукович денеска му додели нов мандат.
Именувањето на Азаров, кое денеска е објавено на сајтот на кабинетот на претседателот, треба да биде потврдено од новиот Парламент на 12 декември, кога ќе биде одржана првата седница по изборите на 28 октомври.
Азаров беше премиер, откако Јанукович дојде на власт во февруари 2010 година. Јанукович на 3 декември ја прифати оставката на Владата на Азаров, која беше очекувана по изборите.