Попоски се сретна со данската амбасадорка Плеснер

Од:

Никола Попоски, денеска во Скопје се сретна со вонредниот и ополномоштен амбасадор на Кралството Данска во Република Македонија, со седиште во Виена, Лиселот Плеснер.

Двајцата соговорници, информираат од МНР, ги потврдија добрите политички односи меѓу двете земји и заеднички констатираа дека постои потенцијал за интензивирање на економските врски, особено во доменот на инвестициите и трговијата.

Говорејќи за главните надворешно-политички приоритети, интеграциите во НАТО и ЕУ и регионалната соработка, министерот Попоски го истакна значењето на континуираната и принципиелна поддршка која Република Македонија ја добива од Данска.

На средбата се разменија и мислења за актуелните прашања од меѓународната агенда, особено за проблемите предизвикани од мигрантската криза, за реформските процеси и актуелната внатрешно – политичка состојба во Република Македонија.

Амбасадорот Плеснер, во духот на пријателството, на шефот на дипломатијата Никола Попоски, му подари велосипед, промовирајќи го велосипедизмот како опција за здрав живот, додека министерот Попоски ја запозна со историјатот на развојот на велосипедизмот во Република Македонија и активностите што нашата држава ги презема во насока на подобрување на велосипедската култура.

Би можело да ве интересира

Мајка и три деца, македонски државјани, се евакуирани од Израел

Вкупно 22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел и враќање во земјава

Предраг Петровиќ

Апел на МНР: Не патувајте во Израел и Иран, не е безбедно

Горан Наумовски

Во МНР отворена Книга на жалост за загинатите во трагедијата во Кочани

МНР: На девет амбасадори им завршува мандатот, неточни се информациите објавени на дел од порталите

Филипче покажа недоволно познавање на меѓународната политика, реагира Министерството за надворешни