МОБ ја презакажа за две недели премиерата на мјузиклот „Тајно моја“

Од:

Македонската опера и балет ја презакажа за две седмици премиерата на мјузилкот „Тајно моја“ посветен на Тоше Проески. Како што е објавено на репертоарот на МОБ, наместо на 10 март, мјузиклот премиерно ќе биде изведен на 24 март, а репризата наместо на 21-ви ќе биде на 26 март. Покрај двете, закажана е и трета изведба на 28 март.

„Тајно моја“ е проект во копродукција со фондацијата „Тоше Проески“ во чест на најголемата македонска музичка ѕвезда. Организиран е во годината кога се одбележуваат десет години од прераната смрт на Тоше (1981-2007).

Мјузиклот е базиран на голем број негови музички хитови, како Тајно моја, Немаш ни благодарам, Игри без граници, Полско цвеќе, Усни на усни, Сонце во твоите руси куси, The Hardest Thing…

Аранжманите на музиката се на Кокан Димушевски и Сони Петровски, либретото е на Огнен Неделковски. Режисер е Тони Михајловски, диригент Иван Еминовиќ, кореограф Олга Панго. Сценографијата е на Марија Ветероска, костимографијата на Марија Пупучевска.

Мјузиклот ќе има два чина и ќе учествуваат: Антонија Гиговска, Денис Димоски, Јана Стојановска, Александар Тарабунов, Игор Џамбазов, Весна Петрушевска, Арна Шијак, Дејан Лилиќ, Лазе Манасков, Сара Гигова, Хелена Мочевиќ, Љупка Арсова, Тања Бојковска, Мила Николовска, Анастасија Аврамовска, Симеон Коруноски, Јане Дунимаглоски, Ристе Гавроски, Марко Димитриевски, Марјан Стојановски. Ќе настапат Оркестарот, Хорот и балетскиот ансамбл на Македонската опера и балет.

Би можело да ве интересира

Концерт „Легендите живеат вечно“ во Македонска Филхармонија

Предраг Петровиќ

Оперската претстава „Турандот“ од Џакомо Пучини во Национална опера и балет

Предраг Петровиќ

Музички спектакл на четири млади актерки во Јавна соба – „Girls night“

Ана Ололовска

Пријавата за напад стигнала во МНТ, полицијата апелира на смиреност, евакуирани повеќе институции

Ландов

Полицијата го блокираше центарот на Скопје, неофицијално има дојава за бомба

Ландов

„Дијана“ повторно на Бродвеј оваа зима

Ана Ололовска