Војводиќ нов ракометар на Вардар

Од:

Српскиот интернационалец Јања Војводиќ до 2019 година ќе биде дел од екипата на Вардар, откако беше потпишан 2,5 годишен договор за соработка.

– Војводиќ е веќе на тренинзите на Вардар и треба да дебитира на натпреварите од домашното првенство. Игра на позицијата среден бек и ќе биде дополнителна помош за нашите бекови, соопшти македонскиот шампион.

Првите чекори во ракометот, 22-годишниот интернационалец ги прави во школата на Врбас, а потоа има настапувано и за екипата на Металург, Сласк Вроцлав и во Шпанија. Војводиќ доаѓа од Катар од екипата на Ал Сад каде настапуваше, а претходно една сезона мина и во екипата на Анхел Хименез во Шпанија.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Возило излета во Вардар во центарот на Скопје

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност