Од фабричките ленти во Помиљано се симна јубилејниот 300 илјадити примерок на ФИАТ Панда со погон на комресиран природен гас.
Ниту еден друг автомобил на метан во Европа не ги достигна бројките кои ги бележи малиот градски автомобил на ФИАТ.
Панда воедно беше прв автомобил од италијанската компанија на компресивен природен гас во сериско производство, а во периодот од 2007 година до денес е и најпродаван автомобил на метан во Европа. Во текот на тој период, второпласирано возило во истата категорија беше уште еден ФИАТ, Пунто.
Јубилејниот примерок е произведен во бела Lounge верзија. Опремена со 2-цилиндерски TwinAir Turbo Natural Power мотор, со погон на бензин и метан, оваа Панда развива 80 коњски сили (59 kW) со потрошувачка од 4,5 литри бензин, или 3,1 килограми метан (на 100 км возење во комбиниран циклус), со мининална емисија на CO2 од 106 грама на километар за бензинска и 85 грама на километар за метанската верзија.
Во однос на бензинот, метанот ја намалува емисијата на CO2 за 23 отсто, додека емисијата на азотните оксиди е помала за дури 52 отсто.