Гувернерот на Централната банка на Грција, Јанис Стурнарас изрази задоволство од тоа што Кинеската банка за развој (ЦДБ) планира да го прошири своето присуство во Грција, главно, преку финансирање на инфраструктурни проекти.
Стурнарас вчера во Атина се сретна со претседателот на ЦДБ Ху Хуаибанг, првпат откако беше потпишан Меморандум за разбирање меѓу Банката на Грција и ЦДБ во јули минатата година, со кој се предвидува унапредување на билатералните односи и економската и трговската соработка меѓу Грција и Кина.
Од своја страна, Ху истакна дека ЦДБ ја преферира Европа за своја натамошна експанзија на меѓународните пазари и затоа создала посебни фондови за финансирање на бизнисите во неколку европски земји, меѓу кои и Грција. ЦДБ исто така, сака да го зголеми своето присуство во Грција преку соработка со грчките кредитори, информирал Ху.