(ВИДЕО) СДСМ: Во 21 век жителите на Волково и Кисела Јабука платија, но немаат канализација

Од:

Жителите на Волково и Кисела Јабука се револтирани од раководењето со општина Ѓорче Петров од страна на Сокол Митровски.

Сокол Митровски и Никола Груевски ,потсетија,во нивната изборна програма за вонредните парламентарни избори во 2008 година, надградена и проширена, ветија дека до крајот на 2008 година фекалната канализација во Волково и Кисела Јабука ќе биде завршена.

„Сокол јавно вети кога бараше втор мандат од граѓаните од Волково и Кисела Јабука пред локалните избори во 2009 година дека до 2010 година фекалната Два пати ветија и два пати излажаа“, рече Александар Наумовски, кандидат за градоначалник на Ѓорче Птеров.
Граѓаните, рече оправдано бараат одговор на две прашања:

– Како е можно, иако уредно имаат платено 500 Евра за самопридонес, до денес да немаат фекална канализација, дополнително да плаќаат за чистење на нивните септички јами?

– Зошто Сокол Митровски им ветувал дека ќе имаат канализација, а потоа од општината им укажале дека не можат да постават цевки бидејќи нема пад на канализацијата во нивните улици?

„Карактеристика на работењето на Сокол се принципи кои беа карактеристични за раниот социјализам од
СФРЈ, се да се прави со самопридонес.Повеќето проекти во општината, особено фекални канализации и игралишта се изградени со самопридонес од граѓаните, а буџетот на општината во последните години се движи и до 9.000.000 Евра. Што ли им направи на парите Сокол Митровски изминатите 8 години?Зошто граѓаните што платиле се измамени?Волковчани, и другите жители на овие места на следните локални избори ќе ја казнат оваа неодговорна власт во општината“, рече Наумовски.

Би можело да ве интересира

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

А1он

Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Со празни фижидери најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа

СДСМ: Бараме локален референдум за рудникот со антимон во кривопаланечко Луке

А1он

СДСМ: Мицкоски да им се извини на уметниците и културните работници за навредите

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Чекаме Филипче и СДС да расчистат со политичките случувања во другите држави, за да се вратат во реалноста и да почнат да бидат опозиција во Македонија