Реакција на општина Охрид

Од:

„Веќе стана препознатлива определбата СДСМ од Охрид својата “грижа и заложби” за определени проблеми во градот да ги користи исклучиво за добивање на ситни политички поени. Ако на сето тоа се додаде и партиската насока во што е можно повеќе соопштенија до јавноста да се спомне името на Градоначалникот Никола Бакрачески, тогаш повеќе од јасно е дека се приближуваат локални избори на кои СДСМ Охрид лицемерно се обидува да им се приближи на граѓаните, а при тоа да ги натера да ги заборават сите штетни дејствија на оваа политичка партија за градот Охрид.

Очигледно, од СДСМ Охрид и после четири години опозиција не научиле дека јавно искажаниот збор и став претходно треба да бидат добро обмислени и да произлегуваат од однапред направена детална анализа. Од тука не случајна е леснотијата со која тие во јавноста изнесуваат определени проблеми и можности за нивно решавање. Таков е случајот и со веслачкиот клуб “Југ” од Охрид. Освен тоа што знаат кога овој клуб е основан и освен тоа што причината за неговите проблеми ја лоцираат кај градоначалникот Никола Бакрачески немаат никакви податоци за финансиско- материјалната состојба во која што се наоѓа клубот и дополнително немаат информација ниту кој раководи со овој клуб и зошто истиот е доведен во таква состојба. Тоа јасно можеше да се види и на денешната седница на Советот на општина Охрид каде очигледно опозицијата во недостаток на податоци и информации за состојбата во клубот, а приморана да го реализира однапред договореното сценарио се заплетка во сопствената мрежа од лаги и манипулации.

Оваа локална самоуправа предводена од Градоначалникот Никола Бакрачески повеќекратно до сега во текот на својот мандат покажа вистинска грижа за развојот на спортот во градот Охрид. Се искористуваат сите законски предвидени можности со кои општина Охрид директно помага на спортските клубови. Тоа подразбира зголемен број на финансиски средства во рамките на програмата за спорт на општина Охрид , мерки за користење на терените на ЈП. Билјанини Извори, мерки за финансирање на проекти од јавен интерес каде што се поддржуваат спортски екипи и настани, како и помош за превоз на спортските екипи. Дали некој ќе ги искористи овие можности на општина Охрид кои беа само мисловна именка во времето кога СДСМ владееше со Охрид, е негова лична одлука или одлука на органот кој раководи со клубот.

Кога сето тоа ќе го пропуштите, а за тоа не сте доблесни вината да си ја пронајдете кај себе, а од друга страна Ви треба дневно политичка тема, најлесно е и единствено што ви преостанува, за се да ја обвините локалната самоуправа и градоначалникот Никола Бакрачески“, се вели во реакцијата на Општина Охрид.

Би можело да ве интересира

Обид за убиство во Охрид: Скопјанец со нож сакал да убие познаник

Уапсен маж осомничен дека предизвикал пожар, кај него е пронајдена запалка тврди полицијата

Охридскиот регион остана под заштита на УНЕСКО, ќе се ангажира фирма која ќе ги урне дивоградбите во Охрид, рече Мицкоски

Љутков: Извештајот на УНЕСКО за Охрид се однесува токму на периодот на владеење на СДСМ и ДУИ

СДСМ: Охрид е на чекор од губење на статусот на заштитено светско наследство

УНЕСКО бара Охридскиот регион да биде поместен на Листата светски природни и културни реткости во опасност