ФСП: Груевски место да плаче и глуми жртва, да си поднесе веднаш оставка

Од:

„Форумот на слободоумни патриоти најостро го осудува обидот на врхушката преку малтретирање на членството да се спаси од злоделата кои ги има направено. Организираното потпишување на членовите, најчесто административци, за присуство на протест е груб обид на притисок и мора да престане.

Го повикуваме лажниот патриот Груевски место што плаче и глуми жртва по провладините медиуми, да си поднесе веднаш оставка и да ја ослободи партијата која ја има узурпирано со една мала неморална криминална банда. Оставката на Груевски и криминалното раководство кое го предводи ќе значи одлободување и демократизирање на партијата, а со тоа ќе се отвори пат кон победа на следните избори.

За крај, го повикуваме чесното членство да не подлегнува на притисоци и лагите кои ги сее врхушката и нејзините пајташи. На Македонија во овој момент не и треба дестабилизација и црни сценарија“, се вели во соопштението на ФСП.

Би можело да ве интересира

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски

СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

СДСМ: Сиљановска е во улога за спас на Никола Груевски и Христијан Мицкоски?

Горан Наумовски

Груевски со нова објава: Обвинувања за дволичност и финансиски интереси кон Заев и Филипче

Горан Наумовски

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски