Во 90-те години на минатиот век во архитектурата доминираа квадарни форми и тенденцијата за намерен прекин на секаков контакт на градбата со нејзиното опкружување.
Но, во последната деценија дојде до промена на ваквиот тренд и сега новата архитектура целосно го отвора ентериерот кон надворешноста, создавајќи гостољубиви и пространи површини, при што се води сметка за постигнување баланс меѓу отвореноста и приватноста.
Како резултат на таквата тенденција, проектирана е куќата „Јинг-Јанг“, која се наоѓа во градот Венес во американската сојузна држава Калифорнија.
Предната фасада на „Јинг*-Јанг“ изгледа скромно, но уште во самото нејзино опкружување видливи се прекрасно уредените централен двор, простор околу базенот и прострна тераса, од која преку стаклена лизгачка врата се преминува во кујната и трпезаријата.
Во приземјето на куќата се ноаѓаат уште и дневната соба, просторијата за фитнес и рекреација и канцеларија, кои се идеално поврзани со надворешноста.
Приземјето со дрвени скали е поврзано со катот, каде се сместени главната спална соба со бања, три помали спални соби и заедничка бања. Од сите спални соби се излегува на прекрасни балкони.
Покривот на куќата е во зелена боја и на него се поставени фотоволтажни панели, кои овозможуваат штедење енергија и креираат самоодржлива и еколошки „свесна“ градба.
Со ваквата замисла „Јинг-Јанг“ е многу повеќе од обичен дом и претставува совршена комбинација на забавен и неверојатен приватен простор.