Mashable направи листа на најиновативните гаџети за оваа година кои инспирираат со нивната технологија, дизајн или ризик за компанијата што ги развива, бидејќи иновацијата не секогаш означува успех на пазарот.
Ако има опција да се избере само еден гаџет што изгледа ако да дошол од иднината тогаш тоа дефинитивно е Google Glass. Се разбира се уште ја чекаме финалната верзија што ќе влезе во сериско производство, но овој компјутер што можеме да го носиме е еден од најинтересните концепти годинава.
Со нивната интересна промотивна кампања, овие футуристички очила веднаш се искачија како еден од најпосакуваните гаџети и преносни компјутери на досегашниот период.
Надгледувањето и камерите се дел од модерниот живот. Но, ако се интересирате како изгледа да сте од другата страна на камерата, AR.Drone е вистинското решение. Со него секој може да добие воздушна слика од некоја локација, а користењето е лесно преку едноставниот кориснички интерфејс за iPad.
Самото беспилотно летало може да лета стотици метри и притоа да добива прецизна контрола, а покрај за снимање може да се користи и за играње разни игри. Оние што го користеле велат дека е заразна, моќна и многу забавна играчка.
Microsoft не само што направи интересна иновација, туку и приреди интересно изненадување за љубителите на гаџетите. Интересниот Surface таблет компјутер работи на Windows RT и е одлична алтернатива на веќе постоечките производи, но најинтересното е што никој не знаеше дека компанијата работи на ваков производ.
Новиот мобилен оперативен систем на Microsoft кој во голема мера наликува на десктоп верзијата, е подготвен за работа со ARM архитектурата, и е срцето на овој таблет. Иако не е совршен, овој таблет компјутер е уникатен во некои од решенијата и гласно „изјавува“ дека е различен од конкуренцијата.
Постојат големи телефони и постојат стварно големи телефони. Со екранот од 5,55 инчи, Galaxy Note II е во втората група. Иако за некои големата димензија на уредот може да биде одбивна, Note 2 нуди уникатни и интересни функции. Покрај големиот и одличен екран, телефонот има стајлус пенкалце кое е нераскинлив дел. Не само што знае кога пенкалцето го допира екранот, туку знае и кога е само поставено над него. Со технологијата Airview, движењата во воздух со пенкалцето, може да контролираат работи на екранот. Ваквата паметна технологија го вбројува Samsung Galaxy Note II меѓу врвните уреди со смартфон функционалност.
Lytro камерата, покрај иновативниот дизајн, располага и со вистински неверојатни функции. Таа дозволува да направите фотографии кои раскажуваат многу повеќе од 1.000 зборови. Со други зборови, уредот овозможува да фотографирате без да се грижите за фокусот бидејќи, без разлика каде ќе фокусирате, кристално јасните детали се достапни во секој дел од фотографијата. Иако е неизвесно дали оваа уникатна функционалност ќе донесе голем успех за компанијата, извесно е дека ова е една од најголемите иновации во модерната фотографија.