Oдбележана 109-годишнината од смртта на охридскиот гемиџија Марко Бошнаков

Од:

Делегации на охридската локална самоуправа, на политички партии, невладини организации, образовни институции, како и граѓани на Охрид денеска положија цвеќе пред родната куќа на гемиџијата Марко Бошнаков, одбележувајќи ја 109-годишнината од неговата смрт.

Дејан Пановски од Комисијата за одбележување на празници и манифестации при советот на општина Охрид, потсетувајќи на делото на Бошнаков истакна дека неговата жртва за Македонија претставува највисок патриотски чин што соодветствувал во тоа време, на такви односи во овој дел од европскиот континент и борбата за самобитност на македонскиот народ.

– Денеска една нова генерација има своја нова битка и нови елементи на патриотизам. Денеска патриотизам значи да се учи, да се донесе нешто за својот град, позитивни процеси, да се напише книга за својот град, да се помогне на секој еден што е наш сограѓанин и кој си ја сака својата татковина. И врз база на тој момент на патриотизам кој го живееме сега треба да го градиме градот понатаму, да го браниме и да знаеме дека секој еден кој учествувал со своја жртва во таков еден патриотски чин, без разлика во кое време, е достоен да биде вака почитуван и уште повеќе, рече Пановски.

Тој забележа дека градот треба да му се оддолжи на Бошнаков со именување улица или спомен-обележје што ќе го чуваат споменот за неговата највисока жртва за татковината.

Охриѓанецот Марко Бошнаков е роден во 1874 година во Охрид, каде го завршил основното образование, а средното образование го завршува во педагошкиот отсек на солунската гимназија. Поради својата револуционерна активност е исклучен од образовната установа. Во гемиџискиот кружок се вклучува во 1901 година со убиството на уредникот Михаилјану во Букурешт. Потоа директно се вклучува во идејата на гемиџиите, изнајмувајќи ја својата бакалница на гемиџиите во Солун.

Тој беше еден од неколкумината кои ги преживеаја Солунските атентати изведени од групата млади македонски патриоти, наречени солунски атентатори. Тој беше заробен од аскерот во Солун и осуден на смрт. Смртната казна му беше заменета со доживотна робија што ја отслужуваше во тогашниот злогласен затвор Музрул во Африка, каде и умре на 27 февруари 1908 година, само неколку месеци пред да се прогласи амнестијата од страна на Младотурците.

Марко Бошнаков во својот претсмртен час на неговите другари Павел Шатев и Ѓорѓи Богданов им оставил аманет „Ако телото се тркала, не дозволувајте истото да се случи и со главата“. Единствените преживеани гемиџии, Шатев и Богданов го исполниле аманетот на Бошнаков така што ја отсекле главата од безживотното тело и ја донеле во неговиот роден град.

Би можело да ве интересира

Охридскиот регион остана под заштита на УНЕСКО, ќе се ангажира фирма која ќе ги урне дивоградбите во Охрид, рече Мицкоски

Љутков: Извештајот на УНЕСКО за Охрид се однесува токму на периодот на владеење на СДСМ и ДУИ

СДСМ: Охрид е на чекор од губење на статусот на заштитено светско наследство

УНЕСКО бара Охридскиот регион да биде поместен на Листата светски природни и културни реткости во опасност

ВИДЕО: Се запали глисер закотвен во Студенчишкиот канал во Охрид

Катерина Ѓуровски

Жена од Јапонија паднала кај Канео, била во бесознание па е згрижена во болницата „Свети Еразмо“

Горан Наумовски