А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Владата донесе мерки за привлекување странски капитал и олеснување на реализација на инвестициите

by А1он09/12/2012 - 12:28131
Share0

Владата донесе мерки за измена на Законот за странци во насока на овозможување на странските државјани да добијат поголем временски интервал за престој во Република Македонија и за измена на уредбата за добивање на државјанство.

Следете a1on на Instagram Instagram

Двете мерки, нагласи на денешната прес-конференцијата владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, се во насока на привлекување странски капитал и за овозможување и олеснување на реализација на инвестициите од странство.

Тој посочи дека целта е реално олеснување на процедурите и стимулација на странските државјани за одлуката за инвестиции на средства во Македонија.

Досегашните податоци, истакна Ѓорѓиев, говорат дека развојот на оваа дејност односно купување од странци на имот во Република Македонија е извонредно многу мал.

Следете a1on на Youtube YouTube

– Проценките се дека со ограничувањата кои ќе бидат симнати со измената на овие закони ќе се зголеми атрактивноста на понудата, а и преку анимацијата преку дипломатско конзуларните претставништва на Македонија и директната презентација на овие информации преку економските промотори, роуд шоуата на странските пазари на недвижности, се очекува дека со усвојувањето на измените и веќе во почетокот на следната година би имале првични влезови на капитал во оваа дејност затоа што и при многубројните посети што се правени од страна на владините претставници или пак информациите што ги добиваме од економските промотори говорат дека Република Македонија е атрактивна за странците за купување имот, куќа или стан, рече Ѓорѓиев.

Но, додаде владиниот портпарол, за точната бројка не би можеле да даваме конкретна проекција, но се очекува дека ќе има сериозен напредок во оваа дејност од што корист ќе имаат граѓаните.

vlada

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ќе продолжи со поддршка на домашната економија

Горан Наумовски21/06/2026 - 10:43

(ВИДЕО) До 1 јули новиот владин состав пред пратениците, најави Мицкоски

Горан Наумовски20/06/2026 - 12:14

Левица: Владиниот Закон за судска служба е враќање на судството 20 години наназад

Горан Наумовски20/06/2026 - 09:23

ВМРО-ДПМНЕ: Политиките на Владата даваат резултати

Горан Наумовски17/06/2026 - 09:2717/06/2026 - 10:00

Владата најостро го осудува вандалскиот чин на опожарување на возила со дипломатски статус во близина на Амбасадата на Бугарија

Горан Наумовски15/06/2026 - 15:0015/06/2026 - 15:01

Левица: Хронична некадарност на Владата – уште еден ценовен шок за граѓаните

Горан Наумовски11/06/2026 - 10:56
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто