Најголемата губитничка серија во историјата на Оскарите – штотуку заврши, откако по 21 номинација, конечно Кевин О’Конел го зеде Оскарот за звук миксер за „Hacksaw Ridge.“
Првата номинација за оскар О`Конел ја доби во 1984 година за „Време на нежност“, а беше номиниран и за Топ Ган, Неколку добри луѓе и „Опасен лет“. Последен пат беше номиниран во 2008 година за Трансформерси.