Ирак и Саудиска Арабија ќе соработуваат во борбата против тероризмот

Од:

Ирак и Саудиска Арабија ќе ги зајакнат билатералните односи во различни сфери и тесно ќе соработуваат во борбата против тероризмот, се наведува во заедничкото соопштение, објавено денеска од Багдад по средбата на садускиот министер за надворешни работи Абдел бин Ахмед ал Џубеир со ирачкиот министер за надворешни работи Ибрахим ал Џафари, јави ТАСС.

Ал Џубеир ја почна денеска ненајавената посета на Багдад, при што го поздрави премиерот на земјата поради важните победи во воената операција против терористичката групација Исламска држава.

Тоа е прва посета на саудиски министер за надворешни работи на Ирак од 2003 година, по соборувањето на режимот на Садам Хусеин.

– Саудиска Арабија го поддржува Ирак во борбата против тероризмот и е подготвена да помогне во обновување на стабилноста во ослободените региони, додаде Ал Џубеир.

Претходно Саудиска Арабија го обвинуваше соседен Иран дека се меша во внатрешните работи на Ирак и одбиваше да одржува врски со Владата во Багдад, предводена од шиити.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снег во Саудиска Арабија

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски