Виетанмското архитектонско студио „23о5“ ја проектираше куќата „Лонгкејв“, која се карактеризира со голем отворен простор и многу природна светлина.
Но, она што е најкарактеристично за оваа куќа е изобилоството на зеленило и градинарски аранжамни во внатрешноста, што ја прави вистинска оаза во околината во која доминираат бетонот и асфалтот.
Со цел да ја прилагодат куќата на парцелата со површина од 40 на пет метри, архитектите решиле да се ослободат од „непотребните“ ѕидови, создавајќи кохезивна целина со делови со јасни намени и функции.
Недостигот на ѕидови е надоместен со интересни тавани кои на секој дел од просторот му даваат поинаква атмосфера.
Природната светлина во внатрешноста флуктуира благодарение на светларникот, кој овозможува разнолика игра на светлината и сенките во текот на денот.