Одбележан Денот на Првиот механизиран пешадиски баталјон

Од:

Во касарната „Боро Менков“ Куманово, со воена свеченост, денеска припадниците од Првиот механизиран пешадиски баталјон го одбележаа 26-ти февруари, Денот на единицата.

Во рамки на свеченоста, единиците продефилираа пред присутните, по што следеше презентација на дел од вооружувањето, опремата и возилата со кои располага единицата. На прославата присуствуваа претставници од АРМ, поранешните команданти на единицата, претставници од државна управа, јавните установи и служби, градоначалниците и претставниците на единиците на локалната самоуправа, бизнис секторот и граѓани.

Пред присутните, командантот на првиот механизиран пешадиски баталјон Лулзим Нуредини се осврна на историјата и формирањето на Третата македонска ударна бригада. Потсети дека бригадата е формирана во Жегљане на 26-ти февруари 1944 и на нејзините учества во НОБ,за што е одликувана со три ордени.

– Како и тогаш, така и сега, задачите и обврските се големи, но целта е иста. Сите ние сме во функција на народот и државата, а со секојдневните активности и ангажирање го докажуваме тоа, рече меѓу другото команданот Нуредини, потсетувајќи на ангажманот на Армијата во асистенцијата на МВР при справувањето со мигрантската криза и со поплавите и помош на населението во скопскиот регион.

– Оваа единица се карактеризира со висок степен на обученост, чувство за припадност и одговорност кон единицата и нејзините традиции и обврски и е подготвена да одговори на предизивиците што ги носи времето, рече Нуредини.

На денешната свеченост беа прочитани телеграми со честитки по повод денот на Денот на единицата, беа унапредени, пофалени и наградени припадници на единицата, беше прогласен најдобар вод и беа доделни награди за соработка на кумановската градинка „Ангел Шајче“ ,културно-уметничките друштва „Срма“ и „Бајрам Шабани“ и на приватни компании.

Со одлука на претседателот на Република Македонија и Врховен командант на вооружените сили, Ѓорѓе Иванов, 26 февруари е одреден за Ден на првиот механизиран пешадиски баталјон, како датум со кој се одбележува значаен историски настан, поврзан со денот на формирањето на Трета Македонска Ударна бригада, а врз кој заедно со други важни датуми од историјата се темелат традициите на АРМ.

Би можело да ве интересира

Независниот синдикат на професионални војници поднесе кривична пријава против Славјанка Петровска

Катерина Ѓуровски

Уставниот суд ја укина забраната за вршење верски обреди во објектите на македонската армија

А1он

Сиљановска – Давкова: Најсилната страна на Армијата е човечкиот капитал

Раскинат е договорот со фирмата што ја снабдуваше АРМ со храна, по труењето на 60 војници

Мисијата на ОН во Либан во која има и македонски офицери го одби барањето на Израел да напушти дел од позициите

Катерина Ѓуровски

Оброците за АРМ се 100% исправни, соопшти фирмата која ја подготвува храната