Во Еквадор сепак ќе има втор круг на претседателските избори

Од:

Државната изборна комисија на Еквадор соопшти дека во земјата сепак ќе мора да се одржи и втор круг од претседателските избори, откако броењето и пребројувањето на гласачките ливчиња од гласањето одржано минатата недела се оддолжи како никогаш досега.

Левичарскиот кандидат Ленин Морено (63) не успее да обезбеди најмалку 40 отсто од гласовите на Еквадорците, што според Уставот на земјата е неопхдно за победа во првиот круг, како што тоа го очекуваа и посакуваа неговите следбеници.

По неколкуте пребројувања, официјалните резултати покажуваат дека Морено освои 39,3 отсто од гласовите, додека неговиот главен противкандидат Гиљермо Ласо – 28,1 отсто.

На трето место е Синтија Витери, за која гласале 16 отсто од гласачите.

Вториот круг е закажан за 2 април.

Долгото броење на гласовите предизвика напната политичка атмосфера со одржување протести и контрапротести и со меѓусебни обвинувања на двете главни политички партии.

Морено, кој е поранешен потпретседател на земјата, ја имаше подршката на досегашниот шеф на државата, левичарскиот популист Рафаел Кореа, кој десет години беше претседател на Еквадор.

Морено и неговиот штаб се трудеа по секоја цена тој да извојува победа уште во првиот круг, затоа што анализите покажуваат дека во вториот круг, кога е неопходно просто мнозинство, Ленин Морено има помали шанси да стане претседател.

Ласо (61), кој е поранешен банкар и ветува отворање нови работни места за околу еден милион Еквадорци и намалување на даноците за компаниите, во вториот круг има поголеми шанси, затоа што се очекува да ги добие и гласовите на третопласираната Витери.

Откако Изборната комисија соопшти дека ќе има втор круг од изборите, во Кито настана воодушевување на гласачите на Ласо кои веќе ја прославуваа победата на нивниот кандидат, особено откако Ветери ги повика своите гласачи да гласаат за него.

Ласо ветува и дека ке го поништи доделенеиот политички азил за основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, кој од јуни 2012 година се креа во Еквадорската амбасада во Лондон, за да не биде екстрадиран во Шведска, што би можело целосно да ја измени ситуацијата околу него.

Доколку Гиљермо Ласо стане претседател по вториот круг, ќе се повтори ситуацијата како во Аргентина и Перу, каде при повтореното гласање кандидатите што претходно беа на втората позиција, потоа победиваа.

И во овие две јужноамерикански земји, левичарски претседатели беа заменети со десничари по декада на вледеење на левичарски и популистички политичари.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Еквадор: Свлечиште однесе најмалку шест животи, властите трагаат по 30 исчезнати

Горан Наумовски

Во амбасада на Мексико е уапсен поранешниот потпретседател на Еквадор, Хорхе Глас

Русија би можела да остане без банани

А1он

Политичарка во Еквадор ликвидирана сред бел ден

Горан Наумовски

Еквадор го испраќа „старото руско железо“ во Украина во замена за модерно оружје од САД

ВИДЕО: Брутални снимки од Еквадор, бандите мачат заробени полицајци и војници