Акција на комуналната инспекција на Гази Баба и МВР во Вардариште

Од:

Едно лице е фатено како пали електрични кабли со цел да се извади бакарот за продажба во денешната акцијата на комуналната инспекција на општина Гази Баба и Министерството за внатрешни работи.

Како што соопшти општина Гази Баба, лицето ќе биде соодветно санкционирано според Законот за јавна чистота.

– Акцијата во населеното место Вардариште изминатиов период е најчесто контролирано место од општинската комунална инспекција со цел намалување на ризикот од потенцијално загадување на воздухот од спалување отпад, се вели во соопштението од општина Гази Баба.

На оваа локација, во непосредна близина на поранешната градска депонија Вардариште има ромско население во субстандардни услови кои спалуваат гуми и пластични материјали за загревање.

Би можело да ве интересира

Арсовска: Оф бе Боби, седи Боби, кец

Предраг Петровиќ

Стефковски со закана до Водовод: Пуштете вода веднаш или излегуваме на улица

Изгаснат е пожарот во Трубарево кој со денови ги труеше жителите на Гази Баба и на Аеродром

Гевгеличанец лажел дека е полицаец и дека е роднина на повреден од Кочани

МВР: Кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување на в.д. директор на ЈКП “Гази Баба 2007”

Обид за убиство во Гази Баба: Испукал 11 куршуми кон познаник и кон неговата сопруга