СДСМ: Тодоров лаже дека немало БСЖ вакцини бидејќи ќе замрзнеле по пат

Од:

„Неверојатно е до каде може несовесно да се однесува министерот за здравство, дури и кога се работи за новороденчиња.

Одговорноста за недостигот на вакцини BCG, цели 4 месеци, на Клиниката за гинекологија, поради којашто се испуштаат новороденчиња без примена вакцина, Тодоров ја префрли на студот, поради којшто не летале авиони, а и да летале, вакцините ќе замрзнеле во нив!

Но, еве документ од Светската здравствена организација, во прилог на ова соопштение, каде што е јасно наведено дека вакцините и 10 пати да замрзнат, нема да изгубат од нивната ефикасност.
Граѓаните знаат дека Никола Тодоров е неодговорен политичар, бидејќи тој 10 години се грижи само за тендери, но не и за нивното здравје.

Затоа итно е потребна нова одговорна Влада на граѓаните на Македонија, којашто ќе работи исклучиво за потребите на граѓаните“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?