ФОТО: Во Охрид отворен Парк на пријателството

Од:

Во близина на некогашниот хотел Парк во Охрид беше отворен Паркот на пријателството, каде дрвца засадија градоначалници и претставници на неколку градови со кои Охрид е збратимен.

Под секое засадено дрво, стои плоча на која го пишува името на општината која на тоа место засади дрво.

Според присутните градоначалници од неколку општини од поранешните Југословенски простори и соседната општина Подградец во Албанија, ова е добар знак дека градовите можат да соработуваат многу повеќе од државите и оти повеќе не постојат препреки за соработка и подобра комуникација.

Сличен ваков парк на пријателството има во хрватскиот град Трогир.

„Ние преку овој парк сакаме да пратиме една порака преку Свети Климент до цела Европа дека пријателството, соработката и културниот натпревар меѓу народите е најважната работа што треба да ја правиме“ рече Петрески.

Охрид од денес и официјално е збратимен и со српската општина Инџија.Беше потпишана повелба за братимување, откако пред неколку дена двата совети го потврдија меѓусебното збратимување.

„Сигурен сум во тоа дека нашите општини има многу што да научат една од друга.Инџија во Србија е лидер кога се во прашање странските инвестиции, додека Охрид лидер во Македонија во туризмот и културата.Јас сум сигурен дека и во иднина ќе соработуване, но она што е уште поважно дека граѓаните на Охрид и Инџија ќе имаат можност да соработуваат на сите нивоа“, рече градоначалникот на Инџија Петар Филиповиќ.

Би можело да ве интересира

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

Пожар во Охрид, огнот се шири кон куќите

Горан Наумовски