(ВИДЕО) Спасовски: Очекуваме дека наскоро ќе ги добиеме потписите за мандатот за состав на Влада

Од:

„Денеска остваривме една средба со претставници на Алијансата на Албнаците и разговаравме за актуелните теми во Македонија. Пред се, разговаравме за иднината на Македонија, за принципите на владеење на идната влада, за потребите на граѓаните, за остварувањето на националните интереси на Македонија, пред се членството во НАТО и ЕУ, економскиот развој и подобрувањето на животот на граѓаните на Република Македонија.

Исто така, разговаравме и околу декриминализацијата и принципот на едно општество, генерално, за принципите кои ги застапуваме и за кои се залагаме и секако разговаравме и околу принципите за формирање на парламентарното мнозинство во Собранието, што ќе придонесе за промена на власта, но ќе придонесе и за реализација на сите принципи за кои разговаравме денеска на оваа средба“ изјави Спасовски и остави простор за новинарски прашања.

Кога ќе ги добиете потписите од Алијансата, бидејќи тие не ги условуваат со нови законски решенија?

Ние генерално разговаравме за принципите и очекуваме дека наскоро ќе ги добиеме потписите од партнерите за да може да го земеме мандатот за состав на влада.

Дали има сигнали од ДУИ, поточно за законот за јазиците бидејќи вие ги пративте забелешките?

За тоа се разговара се уште, кога ќе имаме генерално затворени прашања или конечни ставови по однос на предлозите, тогаш ќе ве инфомираме.

Дали употребата на албанскиот јазик во судските процеси е најважното прашање?

Разговараме околу ставовите и предлозите кои ги имаат и едната и другата политичка партија, кога ќе бидат услогласени ќе добиете информација.

Ќе имате наредна средба со Алијансата или оваа е последна?

Кога и да имаме потреба. Како сериозни луѓе, како партнери, како луѓе кои и мислат добро на Макеодонија, ние сме подготвени да разговараме во секој момент.

Кои се конкретните забелешки на предлог-законот од ДУИ?

Во врска со предлог законот, реков дека сите одговори ќе ги добиете тогаш кога ставовите на СДСМ и ДУИ ќе бидат усогласени.

Има ли приближувања?

Се уште разговараме за приближување и затворање на сите предлози и принципи кои ги имаме во однос на ова прашање

Би можело да ве интересира

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати

Реакција на Ѓорѓиевски: Повторно гледаме обид сериозна здравствена тема да се претвори во дневнополитичка пресметка

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски

СДСМ: Гостивар не заборава – додека граѓаните се труеја, Мицкоски славеше

Горан Наумовски