Штипската администрација ја уредува патеката кај реката Брегалница

Од:

Вработените во Општина Штип и од двете jавни претпријатија „Исар“ и „Стипион“ денеска заеднички ја уредуваа и го собираа отпад на пешачката и велосипедска патека, почнувајќи од населбата „8 ми Ноември“ до населбата „Балканска“.

Во акцијата учествуваше и градоначаллникот на Општина Штип, Илчо Захариев кој истакна дека по расчистување на патеката ќе следи и нејзино холтикултурно уредување.

-По расчистувањето следи засадување на трева, холтикултурно уредување, засадување на дрвца и дрвореди, ќе ставеме клупи и корпи за отпадоци. Перспективно размислуваме да го решиме и осветлувањето на птеката, а кое мора да го решиме на различен начин од она што го имаме сега зад Исарот, вели Захариев.

Тој додаде дека идејата е наскоро да се поврзе оваа патека и со приградската населба Стар Карорман, а исто така се разговара и со Општина Карбинци да се продолжи до селото Таринци, со што граѓаните на Штип и на Карбинци ќе имаат патека која е за рекреирање по течението на реката Брегалница.

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена