Во Велес се одбележува Неделата на срцево-садови заболувања

Од:

Под мотото „Со позитивни мисли до поквалитетен живот“ oпштинската организација на Црвениот крст од Велес ја одбележува традиционалната Недела на борба против срцево – садови заболувања.

Претседателот на oпштинската организација на Црвениот крст од Велес, Милчо Трајков денеска на прес-конференција истакна дека целта на Неделата за срцево садови заболувања е превентивна едукација на населението, а со цел да се заштити од оваа болест, која секоја година зема замав.

Тој потсети дека фактори за ризик се нездравиот начин на живеење, зголемените вредности на маснотии во крвта, дебелината, физичката неактивност и нездравата исхрана.

– Кардиоваскуларните заболувања се причина број еден за смртност како во светот, така и во земјава, а возрасната граница е се помала. Целта е да се влијае кај населението, да се намалат ризиците од кардиоваскуларни заболувања на кои може да се влијае, потенцира Трајков.

Тој за неделава до 28 февруари најави низа едукативни предавања меѓу различни старосни групи од населението и други активности.

Воедно на граѓаните им препорача систематски прегледи, контрола на притисокот, на маснотиите во крвта и ЕКГ прегледи на секои шест месеци. – Многу важно е да имаат и поздрав живот со поголема физичка активност и здрава исхрана со многу зеленчук и овошје, а помалку маснотии, додаде Трајков.

Би можело да ве интересира

Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило затворен автопатот Велес-Градско

(ВИДЕО) Скандал во Велес: Цеца исвиркана откако подигна бугарско знаме

Катерина Ѓуровски

Одрон на автопатот Скопје – Велес и две сообраќајки

Катерина Ѓуровски

69 болни и немоќни лица денеска гласаат во Велес

Горан Наумовски

Каранфилова Пановска: Во центарот на програмата на СДСМ и Маја Хеско за Велес се граѓаните и нивните потреби

Филипче од Велес: СДСМ имаше пет иницијативи за раст на платите, ВМРО-ДПМНЕ ги одби сите