Инспирирани од наслагите на вулкански камења, група австралиски архитекти ја проектираа куќата „Ќентербери Роад Резиденс“, која се состои од три целини кои наликуваат дека се потпрени една на друга, оставајќи празен простор меѓу нив.
Овој модерен австралиски дом во викторијански стил е изработен од монохромадски вулкански камен, кој со своите груби површини создава структура на тонална текстура.
Во самиот камен на фасадата се поставени рефлектирачки прозорци кои создаваат сјаен изглед што потсетува на монолитна карпа.
Рефлктирачките стакла ја обезбедуваат приватноста на сопствениците на куќата околу која се насадени повеќе дрвја и е креиран двор базиран на правилата на пејсажната архитектура.
Топлите текстури се видливи и во ентериерот на куќата, кој посебно доаѓаат во израз во кујната, каде доминираат темни дрвени елементи во комбинација со темно сив мермер.
Внатрешноста на куќата дополниелно ја красат спирални скали кои се креирани во форма околу која е поставен светларник кој ја рефлектира целокупната конструкција.