На улицата „Климент Охридски“ во Струмица вчера во 3:30 часот се случила сообраќајна незгода во која А.М. (26) од село Инџиково, скопско, управувајќи автомобил марка „Алфа Ромео“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во метален столб за улично осветлување и се превртел на кров.
Како што соопшти МВР во возилото превезувал шест илегални мигранти, државјани на Сирија и Пакистан. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатниците С.Х. (47) од Сирија и Н.Н од Пакистан. Со телесни повреди се здобиле сопатниците С.М. (23) од Пакистан и А.А. (21) од Пакистан. Сите тешко повредени со медицински возила, поради сериозноста на повредите, биле префрлени во Ургентен центар Скопје, а останатите по укажаната медицинска помош се пуштени на домашно лекување. Во возилото како сопатник бил и М.Х. (20) од Сирија.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Струмица. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
За настанот е известен и Јавен обвинител кој презема дејствија за расветлување и документирање на кривично правниот настан со елементи на кривични дело за„Криумчарење мигранти“ и „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“.
Од ОЈО информираат дека во тек е преземањето на активности за утврдување на фактите во предметот, меѓу нив и вршење на распит на мигрантите – учесници во сообраќајна незгода.