Киргистан ги процени штетите од паѓањето на турскиот товарен Боинг на 2,8 милиони долари

Од:

Владата на Киргистан испрати официјално писмо до Турција, во кое се посочува сумата на материјалните штети нанесени врз земјата откако турскио товарен авион се урна во јануари во близина на Бишкек, соопшти денеска вицепремиерот Мухаметкали Абулгазиев на средбата со жителите од населбата каде се случи несреќата.

Тој истакна дека веднаш по несреќата започнале преговори за плаќање на надомест од страна на Турција.

Освен тоа Турција изразила подготвеност да ги исплати материјалните трошоци за образованието на децата чии родители загинале при паѓањето на Боингот.

На 16 јануари турски „Боинг-747“, што леташе на линијата Хонконг-Бишкек-Истанбул, се урна при подготовките за слетување во Бишкек. При несреќата се срушија 26 куќи, загинаа 39 лица, вклучителни и четворица членови на екипажот, а 27 лица беа повредени.

Би можело да ве интересира

Спречен обид за антивладини протести во Киргистан, уапсен се наводните лидери на бунтот

Силен земјотрес во Киргистан

Обид за државен удар во Киргистан, Москва многу внимателно ги следи сите случувања

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Киргистан

Повторно судири на таџикистанско-киргистанската граница: Две лица убиени, 55 ранети

А1он

Киргистан и Таџикистан договорија прекин на огнот

Ана Ололовска