Червар: Ќе се обидеме да го надмудриме тимот на Горење

Од:

Тренерот на Металург Лино Червар е претпазлив пред утрешниот дуел со Горење од Велење во рамките на регионалната СЕХА лига.

– За нас Горење е незгоден противник, бидејќи покрај одбраната имаат и брза транзиција и на првиот натпревар ни правеа многу проблеми со брзите контри и полуконтри. Играат со таква динамика што нема да биде лесно. Ќе мораме да најдеме решение за тоа. Тие се фаворити на хартија, но ние ќе се обидеме да го решиме проблемот со нивната одбрана. Тоа ќе биде интересен натпревар. За нас дополнителен проблем се казната на Жарко Пешевски, кој нема да може да настапи на оваа средба, како и повредата на Марко Нелоски, кој има хематом на коленото. Тоа значи дека нема да бидеме комплетни, изјави Червар на денешната прес-конференција.

Фаворитската улога на словенечкиот тим ја препушта и бекот Немања Обрадовиќ.

– Сигурно е дека тие се фаворити, нам ни преостанува добро да се подготвиме и да ги анализираме. Сега сме можеби покомплетни од оној прв натпревар во Велење. Верувам дека со помош на публиката можеме да им направиме проблеми и да им земеме бодови. Се надева дека публиката ќе дојде во голем број да ни даде поголем мотив за овој последен натпревар во Скопје, рече Обрадовиќ.

Натпреварот Металург – Горење Велење ќе се одигра утре со почеток во 17 часот и 45 минути во СЦ „Борис Трајковски“.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ