Малезија го повлече својот амбасадор од Северна Кореја

Од:

Малезиската Влада одлучи да го повлече својот амбасадор во Северна Кореја, настојувајќи да ги засили дипломатските мерки по ескалацијата на спорот меѓу Куала Лумпур и Пјонгјанг, по убиството на Ким Џонг-нам, постар полубрат на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.

Освен повлекувањето на својот амбасадор од севернокорејскиот главен град, Куала Лумпур го повика амбасадорот на Северна Кореја во Малезија за да му вложи протест и барајќи од него објаснување за целиот случај околу убиениот Ким Џонг-нам.

Севернокорејскиот амбасадор Конг Чол, претходно, во изјава за малезиските медиуми рече дека тој не и верува на истрагата што ја водат домашните власти и малезиската полиција.

Според амбасадорт Конг, „некој друг“ стои зад целата истрага, без да каже за кого станува збор.

Ким Џонг-нам почина во минатиот понеделник, под се уште не до крај разјаснети околности, на аеродромот во Куала Лумпур, додека се подготвувал да полета за Макао.

Малезиската полиција тврди дека бил нападнат и отруен со спреј испрскан директно во неговото лице.

Досега се уапсени неколку лица, меѓу кои и еден Севернокореец, медиумите сметаат дека зад убиствито стои режимот во Пјонгјанг, но засега нема сигурна потврда за таквите тврдења.

Властите во Северна Кореја и натаму немаат издадено никакво соопштение за случајот, освен што нивната Амбасада во Куала Лумпур, претходно го побарала телото на полубратот на севернокорејскиот лидер.

Според малезиските медиуми, истрагата за неговата смрт треба да биде завршена во следните два дена, но полицијата настојува да ги пронајде роднините на Ким Џонг-нам, за кои се верува дека ги има во Макао и во Пекинг за да им го предадат телото на убиениот.

Би можело да ве интересира

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Ким Јонг-ун нареди зајакнување на нуклеарните сили: „Мораме да ги завршиме подготовките за војна“

ФТ: Северна Кореја испорача на Русија ракетни и артилериски системи со долг дострел

Потпишан договорот: Русија и Северна Кореја имаат заедничка одбрана

Предраг Петровиќ

Сестрата на севернокорејскиот лидер: Само лудаците од Сеул и Киев може да видат наши војници во Украина

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Каква војска испраќа Северна Кореја за помош на Русија на украинскиот фронт