Пенс: Ќе бидеме со НАТО и Европа и тежнееме кон соработка со Русија

Од:

Американскиот потпретседател Мајк Пенс денеска на Безбедносната конференција во Минхен порача дека новата администрација на САД ќе го поддржи НАТО и ќе застане покрај Европа, а истовремено бара и нови начини за соработка со Русија, но продолжува да ја повикува Москва на одговорност во врска со украинската криза.

Во првото важно надворешнополитичко обраќање во име на администрацијата на Трамп, Пенс ги предупреди сојузниците во НАТО дека мора да дадат правичен придонес за да ја поддржат Алијансата, нагласувајќи дека „многумина не се на јасен или убедлив пат“ кон таа цел.

Исто така, тој истакна дека Русија мора да ги почитува мировните преговори од Минск и да го намали насилството во источниот дел на Украина.

Би можело да ве интересира

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски