Костадин Костадинов изгласан за ВД градоначалник на Струмица

Од:

Костадин Костадинов денеска е именуван за ВД градоначалник на општина Струмица.

Вака гласаше мнозинството советници од коалицијата предводена од СДСМ. Советниците на ВМРО-ДПМНЕ ja напуштија седницата.

Владата од 18 јануари годинава констатирала престанок на градоначалничката функција на Зоран Заев, кој беше избран за пратеник и во законскиот рок од 30 дена побара Советот на општина Струмица да избере ВД градоначалник од редот на советниците.

Костадинов функцијата градоначалник ќе ја извршува до локалните избори кои, според Изборниот законик би требало да се одржат во првата половина од месец мај.

ВМРО-ДПМНЕ пред две недели обзнани дека тие го имаат мнзинството во Советот, бидејќи советникот од редовите на ВМРО-НП на Љубчо Георгиевски преминал во нивните редови, што веќе утредента беше демантирано.

Би можело да ве интересира

Невремето предизвика големи штети во струмичко

Во Струмица се урива незаконски поставената урбана опрема и на објекти подигнати на јавни површини

Горан Наумовски

Мртов матурант е пронајден во близина на склад за дрва во Струмица

Горан Наумовски

СДСМ одржал партиски состанок во училиште во Струмица, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Поради лоши услови, АХВ времено го затвори струмичкиот стационар за кучиња „Лана“

Струмичанец е осомничен за убиство, со нож избодел познаник