Зекири: Полиција упадна во мојот дом, криминал има само кај Груевски и Мијалков

Од:

Антикорупциска, Финансиска полиција и Организиран Криминал при МВР неколку дена го чешлале имотот на членот на Централниот и Извршниот одбор на СДСМ и поранешен новинар, Мухамед Зекири, а денеска влегле и во неговиот дом.

„Сакам да им порачам дека може да истражуваат и чешлаат колку што душа им сака, ниту ќе ме уплашат ниту ќе ме обезхрабрат, напротив само дополнително ми давате сила и мотивирате да продолжам да се борам против вистинските криминалци. Вистината ќе победи, правда ќе има. Да бевте на висина на задачата и истражувавте и се боревте против криминалот последниве неколку години и државата ќе цветаше. Криминал можете да пронајдете само кај вистинските криминалци, кај вашите наредбодавачи кај Груевски и Мијалков и нивните соработници“, напиша Зекири на својот Фејсбук профил.

Би можело да ве интересира

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Мијалков утрово го напушти струшкиот затвор, бил примерен затвореник

Јанакиески излегува во јуни, за Мијалков ќе одлучува Кривичен

Ослободителна пресуда за Мијалков и Јакимовски за „Трезор“

Анита Петровска Рајковиќ

Во Кривичен пресуда за Трезор

Повторно ќе се продава имот на Сашо Мијалков, државата очекува два милиона евра од плацевите на Водно

Катерина Ѓуровски