Матис: Европа е опколена од „виножито на нестабилоност“

Од:

САД ќе бидат покрај своите сојузиници од НАТО во давањето заеднички одговор на заканите во услови кога Европа е опколена од „виножито на настаблиноста“, изјави денеска американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис во обраќањето на Минхенската безбедносна конференција.

– Сите ние гледаме како нашата заедница на држави се соочува со закани на неколку фронта како последици на појавата на „виножито на нестабилност“ околу периферијата на НАТО и надвор од него, изјави Матис, нагласувајќи дека „безбедноста на САД е перманентно поврзана со безбедноста на Европа“.

Матис истакна дека НАТО повеќе не може да ја негира реалноста оти постои опасност од меѓународниот тероризам и од другите геополитички ризици.

– НАТО треба да се обедини пред овие растечки закани по нашите демократски земји, потенцира Матис во обраќањето пред учесниците на Конференцијата.

Шефот на Пентагон нагласи дека новиот американски претседател Доналд Трамп го поддржува НАТО, но ја согледува и потребата од негови промени.

– Сосема е легитимно барањето сите кои ги користат услугите на најдобарта алијанса во светот, да го сносат и својот соодветен дел од неопходните трошоци за заштита на нашите слободи, порача Матис.

Како што јави ДПА, ваквите ставови на Матис доаѓаат во време на стравувања на сојузниците на САД во Европа дека Трамп би можел да се откаже од традиоционалната лидерска улога на Вашингтон во НАТО во време на се поагрсивна политика на Русија и во услови на војни во реоните источно и јужно од Медитеранот и зачестените закани од терористички напади од страна на џихадистите.

Би можело да ве интересира

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

САД ќе ја поддржи Македонија во обидот да се пробие блокадата на патот кон ЕУ, порача Касаноф на Сиљановска

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени