Цукенберг го обнови неговиот манифест за менување на светот

Од:

Основачот на Фејсбук, Марк Цукенберг објави јавно писмо со кое што се вклучи во дискусијата за глобализацијата. Тој изрази загриженост од податокот дека дел од населението и некои влади глобализацијата ја гледаат како непожелна.

Цукенберг се обврза дека Фејсбук, кој денес има повеќе од 1,8 милијарди корисници од целиот свет, ќе работи во насока да ги убеди скептиците дека напредокот бара зближување на човештвото, не само како градови и нации, туку и како глобална заедница.

Писмото на 32 годишниот Цукенберг е надополнување на писмото објавено во 2012. година, кога Фејсбук беше поставен на берзите на капитал. Тогаш наведе дека најголемата социјална мрежа е креирана со цел остварување на социјалната мисија за отворен и поврзан свет.

На тој чекор се одлучил по жестоките расправии за предностите и недостатоците на глобализацијата. Претседателот на САД, Доналд Трамп игра на кратата на американски национализам и протекционизам. Велика Британија минатата година изгласа излегување од ЕУ, а ова според него се чекори кои одат во спротива со глобализацијата.

„Мора да изградиме глобална заедница која што ќе биде добра за сите. Воопшто не се сомневам дека на долг рок тоа е вистинската насока“ напиша Цукенберг.

Писмото претставува збир на апстрактни идеи без конкретни мерки. Меѓу другото тој пишува за замислата за социјална инфраструктура и за изградба на силни онлајн заедници.

Целта на Фејсбук не е да ги замени традиционалните институции, туку да создаде цврсто поврзани групи онлајн кои ќе ги зајакнат тие институции.

Тој се осврна и на улогата на Фејсбук во пренесувањето на вести, што ќе подразбира и борба со дезинформациите, како и објективен начин за пренесување на високо поларизирачки вести.

„Треба да изградиме социјална инфраструктура која ќе може да се справи со проблемите на денешницата за да може да го подигнеме човештвото на следното ниво“ заклучи Цукенберг.

Би можело да ве интересира

Фејсбук и Инстаграм се вратија, корисниците можат повторно да се логираат

Волстрит џурнал: Закерберг отпушта илјадници вработени од Мета платформс

Ана Ололовска

ФТ: Европски официјални лица побараа од Фејсбук и Твитер да затворат профили на повеќе од 100 руски амбасади и државни институции

Ана Ололовска

Твитер недостапен во Русија, проблеми и со Фејсбук и Инстаграм

Ана Ололовска

Фејсбук им забрани на руските државни медиуми реклами и монетизација на платформата

Ана Ололовска

Русија делумно го ограничи пристапот до Фејсбук

А1он