Во потесниот избор на наградата најкорисен кошаркар во Евролигата се најдоа 15 кандидати.
Меѓу претендентите е и минатогодишниот освојувач Нандо Де Коло од ЦСКА Москва.
Листа на кандидати за МВП во Евролигата за сезоната 2016/17: НАндо Де Коло и Милош Теодосиќ (ЦСКА Москва), Дерик Браун (Анадолу Ефес), Огњен Кузмиќ (ЦРвена звезда), Кит Лангфорд (Уникс), Николо Мели (Бамберг), Ентони Рендолф, Серхио Љуљ, и Лука Дончич (Реал Мадрид), Крис Синглтон (Панатинаикос), Василис Спанулис и Јоргос Принтезис (Олимпијакос), Екпе Јудо (Фенербахче), Јоханес Војтман (Басконија) и Бред Вонамејкер (Дарушафака).
МВП награда во елитното кошаркарско натпреварување се доделува од 2005 година.