Кандидатот на француските конзервативци за претседател на земјата, Франсоа Фијон, денеска изјави дека нема да се откаже од кандидатура на претстојните избори, и покрај отворањето на формална истрага за наводите дека проневерил државни пари.
Фијон претходно имаше ветено дека ќе се откаже од кандидатурата доколку државните органи отворат истрага за тоа што додека бил пратеник на својата сопруга и исплатил речиси милион евра за фиктивна работа.
-Дури и да бидам под истрага, ништо нема да ме запре, рече поранешниот француски премиер за телевизијата РТЛ, пренесе европскиот портал Политико.
Обвинителството за финансиски измами соопшти дека досега собраните докази значат дека случајот не може да биде прекинат во оваа фаза.
Некои републиканци го повикаа Фијон да се откаже од кандидатурата.