Владините мерки за самовработување даваат резултати

Од:

Владините мерки за самовработување со цел намалување на бројот на невработените во државата даваат резултати, истакна директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија Влатко Поповски синоќа на трибина во Кавадарци.

– Најмногу резултати дава мерката преку која се основаат нови мали претпријатија со самовработување преку грант. После пет шест години од користењето на оваа мерка, 71 процент од фирмите кои се формирале се ликвидни. Во нив се зголемува бројот на вработени. Во цела Македонија има 17 компании кои почнале со самовработување и достигнале до по 15 вработени. Секој што има добра бизнис идеја и добро избран бизнис план, спремен е за бизнис, секогаш има успех, рече тој.

Поповски се осврна и на кредитирањето за самоврабтување кое од оваа година е проширено и за правни лица за зголемување на бројот на вработените, обуката за познат работодавач, практикантството за млади до 27 годишна возраст, субенционирањето, како и на обуката за дефицитарни занимања на пазарот на трудот.

– Имаме лепеза на производи, поволности кои се нудат за поттикнување на вработувањето, се со цел секој невработен да си го најде своето место, истакна директорот на Агенцијата.

Тој информираше дека засега околу 300 лица нашле вработување во германската компанија „Дрекслермаер” во Кавадарци, фабрика за електрични кабли за „мерцедес це класа“.

По Нова Година, најави Поповски, ќе бидат опфатени многу поголем број невработени. Трибината во Кавадарци беше во организација на комисијата за економија при општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ќе продолжи со поддршка на домашната економија

(ВИДЕО) До 1 јули новиот владин состав пред пратениците, најави Мицкоски

Левица: Владиниот Закон за судска служба е враќање на судството 20 години наназад

ВМРО-ДПМНЕ: Политиките на Владата даваат резултати

Горан Наумовски

Владата најостро го осудува вандалскиот чин на опожарување на возила со дипломатски статус во близина на Амбасадата на Бугарија

Горан Наумовски

Левица: Хронична некадарност на Владата – уште еден ценовен шок за граѓаните