Јункер: ЕУ не треба да потклекнува пред барањата на САД за поголеми воени расходи

Од:

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер изјави дека Европа не треба да потклекнува пред барањата на САД за зголемување на воените расходи, истакнувајќи дека развојот и хуманитарната помош се исто така дел од одржувањето на безбедноста.

Претседателот на САД Доналд Трамп ги проблематизира ангажманите за НАТО, доколку европските земји членки на Алијансата не ги зголемат расходите за одбрана до два проценти од БДП.

Министерот за одбрана на САД, Џејмс Матис, вчера ги предупреди сојузниците од НАТО дека треба да ги почитуваат обврските за воените расходи, со цел САД да не ја намалат поддршката.

– Ова е американска порака од пред многу, многу години. Јас сум многу против тоа да бидеме турнати во таа насока, истакна Јункер во рамките на Минхенската меѓународна конференција за безбедност, што започна денеска.

Тој нагласи дека знае оти Германија нема да има буџетски суфицит, ако ги зголеми трошоците за одбрана од 1,22 на два проценти од БДП.

– Не ми се допаѓа што нашите американски пријатели го сведуваат поимот безбедност само на воената компонента. Треба да се развива модерна политика на стабилност, што се состои од неколку компоненти, наведе Јунер.

– Ако се погледне што прави Европа за одбраната, плус помошта за развојот, плус хуманитарната помош, во споредба со САД, почнува да изгледа различно. Современата политика не може да биде само зголемување на расходите за одбрана, потенцира претседателот на Европската комисија.

Европјеците треба подобро да ги комбинираат расходите за одбрана и поефикасно да ги трошат парите, додаде Јункер.

Би можело да ве интересира

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

САД ќе ја поддржи Македонија во обидот да се пробие блокадата на патот кон ЕУ, порача Касаноф на Сиљановска

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени