Здружението на новинари на Македонија денеска преку соопштение изрази поддршка на штрајкот на новинарите на трите весника на издавачот Медиа принт Македонија и го повика менаџментот на компанијата да ги исполни барањата на штрајкувачкиот одбор за исплата на заостанатите плати и хонорари.
– Ги потсетуваме сопствениците на МПМ дека кршењето на социјалните права на новинарите не е само прекршување на нивните работнички права, туку e и силен удар врз слободата на медиумите, стои во реакцијата на ЗНМ.
Воедно, од Здружението ја повикуваат целата новинарска и медиумска заедница да го поддржи штрајкот на новинарите на веснициите Дневник, Утрински и Вест со цел, како што се наведува, да престане праксата медиумите да служат како средство за поткусурување заради интересите на сопствениците на медиумите и власта. – Нивните политички и економски интереси не смеаат да се прекршат врз грбот на новинарите, наведуваат од ЗНМ.
Здружението со поддршка и за напорите на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници за изнаоѓање решение за исплата на заостанатите плати и хонорари на новинарите и дописниците.