Во Дебар и Центар Жупа задоволителен интерес искажуваат претприемачите и невработените, за огласот за практиканство на Агенцијата за вработување, со кој млади до 29 години, со средно или високо образование а се во евиденцијата на невработени, може да се стекнат со практично искуство во некоја компанија.
Според Шеат Ќамилоски, соработник за услуги и поддршка за вработување, во Центарот за вработување во Дебар, за не цели две недели за користење на поволностите од овој оглас се јавиле десеттина претприемачи кои имаат потреба од млад кадар.
– Врз основа на поволостите од оваа мерка претходно вработени се над 30 млади лица. Имаќи ја во предвид оваа бројка и моментната заинтересираност околу оваа мерка очекуваме и годинава да биде остварена добра бројка на ново вработени млади, вели Ќамилоски.
Тој апелира до младите да ја искористат оваа можност за да се стекнат со знаење и вештини и полесно да дојдат до работно место.
Кандидатите, посочува, ќе добиваат месечен надоместок од 6.200 денари, пари за покривање на трошоците за храна и превоз.
Ќамилоски напоменува дека во тек е и повикот за обука за побарувани занимања на пазарот на трудот, која исто така е многу значајна мерка и се однесува на млади до 29 години, а за која исто така постои заинтересираност во дебарско.