Трудо: Канада и ЕУ треба да се водечки светски економии

Од:

Премиерот на Канада, Џастин Трудо изјави дека целиот свет има корист од силна Европска унија и оти ЕУ и Канада треба да ја предводат светската економија во овие тешки времиња.

Трудо, во обраќањето пред Европскиот парламент, истакна дека ЕУ е модел без преседан за мирољубива соработка.

Тој додаде дека силниот европски глас на светската сцена е од основно значење.

– Вие сте важен играч во справувањето со предизвиците, пред кои колективно сме исправени како меѓународна заедница. Целиот свет има корист од силна ЕУ, посочи Трудо еден ден откако европратениците го изгласаа договорот за слободна трговија меѓу ЕУ и Канада.

Трудо наведе дека „Канада и ЕУ треба да гарантираат дека Сеопфатниот економски и трговски договор (ЦЕТА)“, кој влегува во сила за неколку месеци, ќе биде во интерес на народите во овие држави.

– Многу луѓе се вознемирени дека сегашниот систем е од корист само на малкумината најбогати. Треба секој да има корист од трговијата, а тоа ќе го пружи ЦЕТА.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он