СДСМ: Македонија е трета во Европа по најлоши резултати на преживување од рак

Од:

„Никола Тодоров заедно со Никола Груевски го уништи здравството во Македонија и го доведе во сериозни ризици здравето на граѓаните и за тоа ќе има одговорност.

Европскиот здраствен индекс (ЕХЦИ), едно од најрелевентните истражувања за Европската комисија, за 2016 година покажа дека Македонија е трета во Европа по стапката на преживување на болни од малигни заболувања! Тоа се гледа во графиконот во прилог!

Како и би било поинаку кога 10 години граѓани болни од рак немаат достапни современи терапии затоа што за Тодоров и за Груевски беа поважни гипс картоните од 630 милиони евра за Скопје 2014, грамандното знание за нивното партиско седиште ВМРО-ДПМНЕ, тешко, според некои проценки до 30 милиони евра. Па и милионските тендери за наводна медицинска опрема од коишто корист има само во џебовите на криминалната власт.

И сега кога се составува новото парламентарно мнозинство, затоа што граѓаните така избраа, Тодоров и Груевски несовесно изнесуваат кого ќе стигнат на прес конференции, да зборува за нови лекови против рак во иднина?!
Посебно што нестанува збор за нови лекови туку за генерации на лекови стари и над 10 години!
Лекот Сорафениб за карционом на црн дроб е во употреба веќе 10 години. Оксалиплатин е 21 година во употреба. Бевацизумаб е лек со лиценца од пред 11 години.

Безобразно, срамно и недозволиво е однесувањето на Никола Тодоров и здравствените власти!
Да мислеа тие на граѓаните болни од рак, ќе им ги донесеа лековите на луѓето пред 10 години.

Порачуваме веднаш да престанат манипулациите на Никола Тодоров и на неодговорната власт во заминување на ВМРО-ДПМНЕ со оваа ранлива категорија граѓани. Тие знаат што оваа власт можеше, а не направи за нив и недозоволиво е да ги вознемируваат со потценувачки најави.

Обезбедувањето ефикасни и безбедни лекови, со проверен квалитет мора да биде обврска за секоја сериозна Влада и таа обврска ја презема новата одговорна Влада на граѓаните на Македонија“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Поскапува парното, со арамијата Мицкоски животот на граѓаните е претворен во преживување

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поповиќ: Под притисок на власта Уставен суд го укина колективниот договор – преседан против 2.000 работници во култура

СДСМ бара Гаши веднаш да свика итна седница за насилствата врз жените

Горан Наумовски

СДСМ: Како буџетот е предизвик за Мицкоски кога сме трета економија во Европа?

Директорката на „Алта груп“ која е во притвор во Белград има фирма во Скопје, објави СДСМ

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се кратат парите за спортот, со Борко Ристовски македонскиот спорт оди кон пропаст