Цветков: Се надеваме на решение со Хрватска за виното

Од:

Ако Хрватска остане на истиот став во врска со воведените нетарифни бариери за увоз на македонското вино, ќе бидеме приморани да преземеме соодветни мерки, изјави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков.

Според него, се уште се чека одговорот од Хрватска откако од македонска страна и официјално беше побарано објаснување за воведените дополнителни услови за увоз на вино.

– Се надеваме дека ќе најдеме решение на проблемот за да нема потреба од воведување реципрочни мерки. Очекуваме Хрватска да се изјасни, но ако остане на истиот став, ќе бидеме приморани да воведеме соодветни мерки, истакна Цветков.

Од 1 јануари годинава во Хрватска е донесен нов Правилник за увоз на вино од трети земји, меѓу кои и Македонија. Согласно Правилникот, се воведуваат дополнителни услови или т.н. нетарифни бариери. Се продолжува периодот на пуштање на виното во продажба, односно потребни се најмалку 32 дена од царинење до пуштање во промет. Зголемени се и барањата за дополнителни анализи и за заштита на животната средина.

Македонија на хрватскиот пазар годишно пласира 17 милиони литри вино што е 24,2 отсто од вкупниот извоз. Вредноста на извезените количини е 11,2 милиона евра. Хрватска е втора земја по Србија по извозот на македонско флаширано вино и трета, по Србија и Германија, по извоз на наливно вино.

Би можело да ве интересира

Трипуновски: Продажбата на македонското вино надвор од границите на државата е зголемена

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

На македонската вечер организирана од Владата ќе се претстават над 300 винарии и македонски специјалитети

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

Франција: Полицијата ги разоткри продавачите на лажни премиум вина

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето