Владата на Венецуела го прекина емитувањето на „Си-Ен-Ен“ на шпански јазик по критичната публикација на американската телевизија.
Националната комисија за телекомунукации соопшти дека морала да ја воведе оваа „административна“ санкција, поради репортажите што ги нарече „директна агресија“.
Комисијата не посочи кои репортажи се причината за прекинувањето на сигналот на „Си-Ен-Ен“, но претходно вчера, владини претставници одржаа прес-конференција на која го демантираа соопштението на телевизија, дека венецуелски службеници продавале фалсификувани пасоши во Амбасадата на Венецуела во Ирак на граѓани од земјите од Блискиот Исток, вклучително и членови на терористички групи.
Во врска со прекинувањето на сигналот на „Си-Ен-Ен“ во Венецуела, БТА потсетува, дека пред два денови САД наложија санкции за венецуелскиот претседател Терек ел Аисамо поради учество во трговија со наркотици.