Најмалку три лица загинаа, а осум се повредени во експлозија пред џамијата во главниот град на Кенија, соопшти денес Црвениот крст на земјата.
Се стравува дека бројот на жртвите ќе биде поголем бидејќи некои од повредените се во критична состојба, соопшти претставник на Црвениот крст, а пренесува АФП.
Експлозијата се случи во кварт на Најроби населен претежно со Сомалијци. За сега нема други детали за инцидентот.
Војската на Кенија испрати минатата година војници во Сомалија за да помогне во борбата против исламистичката група Ал Шабаб, и тоа е причината зошто Кенија е често мета на напади на поддржувачите на групата, подсетува АФП.