Литванскиот Парламент усвои вчера целосна забрана за физичко казнување на децата.
Измените во законот по ова прашање беа донесени без ниту еден глас „против“ од пратениците во Долниот дом на Парламентот.
Гласањето се одржа еден месец по смртта на четиригодишно момче, претепано до смрт од неговата мајка и нејзиниот пријател, случај кој ја потресе балтичката земја. Анализите на крвта покажале дека тие двајца зеле метамфетамин пред да го претепаат детето.
Пратеничката Довиле Шакалене изјави дека смртта на момчето ги принудила Литванците да разберат дека насилството може да има тешки последици и оти е потребно воопшто да не се прибегнува кон него.
Активистите за заштита на правата на децата доставиле до Парламентот петиција, потпишана од над 30 илјади лица, вклучувајќи голем број популарни личности, со повик да се гласа за поддршка на новиот закон.
Меѓународната организација за заштита на човеките права Хјуманс рајт воч го поздрави новиот закон, со кој Литванија стана 52. земја во светот, која забранува физичко казнување на децата.