„Креди Свис“ ќе отпушти 6.500 вработени

Од:

Втората по големина швајцарска банка, „Креди Свис“ соопшти дека во текот на оваа година ќе отпушти околу 6.500 вработени, откако лани оствари загуба од 2,44 милијарди франци (2,43 милиони долари).

Извршниот директор на банката, Тидјан Тиам, кој го презеде раководењето со оваа финансиска групација пред нешто повеќе од 18 месеци, соопшти дека во следниот период „Креди Свис“ ќе се ориентира кон управување со имоти, отстапувајќи од инвестициското банкарство.

„Креди Свис“ во текот на 2016 година веќе укина 7.250 работни места, како дел од мерките за намалување на трошоците.

– Сега си поставивме цел за 2017 година да укинеме меѓу 5.500 и 6.500 работни места, изјави финансискиот директор на „Креди Свис“, Давид Метерс.

Во најавата на „Креди Свис“ не се посочува од кои сектори ќе бидат отпуштени вработените, но се додава дека со отпуштањето ќе бидат опфатени службеници, консултанти и помошен персонал.

„Креди Свис“ претходно најави дека би можела да продаде 20 до 30 проценти од своите филијали во Швајцарија, но и дека е отворена за алтернативни опции за сопственото зајакнување.

Би можело да ве интересира

Голем број богати Американци отвораат сметки во швајцарските банки

(ВИДЕО) Поплави во Италија, снежна бура на Алпите, падна еден метар снег, градови се отсечени

Швајцарија: Царините на САД се неприфатливи, но нема планови за одмазднички мерки

Милијарди евра руски пари се „замрзнати“ во Швајцарија

Заемот од централната банка од 50 милијарди франци ги зголеми акциите на Credit Suisse за 30 отсто

Горан Наумовски

Швајцарската национална банка со рекордни загуби во 2022 година

Ана Ололовска