Едноставниот дизајн на осветлувањето ја оживува магијата. Ли Зан Вен е кинески дизајнер кој ја креирал „ХЕНГ баланс“ лампата.
Осветлувањето се состои од едноставни дрвени топки што се сместени во минималистичка дрвена рамка и се користат како светлосни прекинувачи.
Сијаличките се поставени во внатрешноста на елипсовидната рамка и кога лампата е вклучена нејзината рамка свети создавајќи интеракција меѓу корисникот и производот.