Вардар на лето на турнир во Германија

Од:

Македонскиот ракометен шампион Вардар доби и ја прифати поканата за гостување во Германија претстојното лето на турнир што ќе го организира Гумерзбах.

– Името на Вардар во Европа е веќе добро познато, а квалитетот и постигнатите резултати на нашиот тим доволен факт да стигнуваат и многу покани за најразлична соработка. На адресата на нашиот клуб стигна и покана за гостување на турнир летово во Германија. Таму ќе играме на силен турнир чиј домаќин е бундеслигашот Гумерзбах на 12 и 13 август. На тој турнир покрај Вардар и домаќинот Гумерзбах треба да играат уште и Рајн Некар и Флензбург. Дополнително ќе биде одреден распоредот на играње на натпреварите, информира од РК Вардар.

Соработката на Вардар и Гумерзбах трае од поодамна, а пред неколку години „црвено-црните“ беа на подготовки во Германија и гости на Гумерзбах.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Возило излета во Вардар во центарот на Скопје

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност